Затворени аеродроми и училишта во Индонезија поради пожари и чад

43

Властите го затворија аеродромот на островот Суматра во Индонезија поради слабата видливост предизвикана од зголемувањето на чадот во областите погодени од пожарите.

Претставникот на аеродромот Јоги Прасецио изјави дека многу авиокомпании ги одложиле летовите поради флуктуациите во видливоста, која понекогаш изнесува само 300 метри.

Индексот на загадување на воздухот достигна опасно ниво во провинциите Риау и Џамби, поради што голем број училишта се затворени за да ги заштитат децата од густата и штетна магла.

Според податоците на здравствените канцеларии во двете провинции, повеќе од 300.000 луѓе имале проблеми со респираторни заболувања откако почнаа пожарите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...