Затворениците од К’шање направија куќички за птици и ги донираа во Куманово

317
ФОТО: МИА

Осудените лица од затворот К’шање, изработија дрвени куќички за птици кои надлежните од Казнено поправната установа ги донираа на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и средното училиште „Наце Буѓони“.

Куќичките за птици ќе бидат поставени на претходно утврдени локации во поширокото градско подрачје.

– Осудените лица во рамки на процесот на ресоцијализација ги изработија куќичките кои ги дониравме на кумановскиот Центар за култура, бидејќи со оваа институција имаме потпишано Меморандум за соработка – изјави директорот на затворот, Марјан Спасовски.

Тој информираше дека осудените лица веќе изработуваат мобилна библиотека која во понатамошен договор со општината ќе биде поставена во центарот на Куманово. Граѓаните ќе имаат можност да се снадбат и со дел од книги кои за граѓаните, ќе ги донира затворот К’шање, а од друга страна, пак ќе можат да земат и да остават книга.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...