Денеска во Центарот за обука на КПУ Идризово беше промовиран првиот број од осуденичкиот весник „Искра“.
Весникот е замислен како периодично списание кое треба да го збогати процесот на ресоцијализација во македонските затвори и казнено-поправни установи.
„Списанието обработува теми од затворската проблематика и дава насоки за постпенална помош на осудените лица, а свој придонес во неговата подготовка имаа вработени од македонските затвори и осудени лица. Се дистрибуира во сите македонски пенитенцијарни установи каде што ќе биде достапен за осудените лица со цел да го олесни нивниот престој а истовремено и да ги мотивира на активно вклучување во социјалниот живот“ се вели во информацијата од КПУ Идризово.