Затвореник од „Идризово“ преку мобилен глумел менаџер и олеснил фирма за 108.000 денари

1046

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава против Б.А.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Пријавениот – осудено лице на издржување казна затвор во КПУ Идризово, успеал да обезбеди мобилен телефонски апарат и сим картичка, активирана и регистрирана на негово име како сопственик.

На 28 мај пријавениот со остварени повеќе телефонски јавувања на различни телефонски броеви и користење на интернет, со лажно прикажување на факти, лажно претставувајќи се дека е вработен како менаџер за набавка во фирма и во име на истата врши нарачка и набавка на трговска стока, ги довел и одржувал во заблуда одговорното лице во оштетената фирма од с.Вруток и одговорното лице на Подружницата на оштетената фирма и ги навел да му ја испорачаат нарачаната трговска стока во износ од 100.800 денари, која пријавениот не ја платил.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...