Затворена ординацијата каде што се оперирал пациентот кој почина од сепса

Инспекторатот соопшти дека во приватната ординација извршил вонреден инспекциски надзор при што утврдил дека сопственикот на ординацијата кој има и лиценца е пензионер, а хируршката салата ја рентал на д-р Ѕвонко Николовски од приватната установа „Јанита“ во Скопје.

1232

Државниот санитарен и здравствен инпекторат привремено ја затвори приватната специјалистичка ординација по пластична и реконструктивна хирургија „Митаноски“ во Аеродром.

Во оваа ординација била извршена хируршката интервенција на хемороиди кај пациентот кој почина во болницата „8- ми Септември“.

Инспекторатот соопшти дека во приватната ординација извршил вонреден инспекциски надзор при што утврдил дека сопственикот на ординацијата кој има и лиценца е пензионер, а хируршката салата ја рентал на д-р Ѕвонко Николовски од приватната установа „Јанита“ во Скопје.

Инспекторите утврдиле дека хируршката интервенција на починатиот пацинет е извршена во таа сала. Инспекторите забраниле да се користи хируршката сала, а наредните денови ќе следат соодветни мерки и постапки.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...