Британските власти соопштија дека е затворена интернет страницата, која нуди услуги за кибер напади и довела до над четири милиони такви напади низ светот.
Во операцијата против интернет страницата учествувале властите на многу држави и уапсиле неколку лица, вклучително и сопствениците на сајтот „Webstresser.org“.
– Хакерите ширум светот ја користиле веб-страницата, која може да чини само 14,99 долари, за да направат повеќе од четири милиони кибер-напади, соопшти британската служба за борба со кибер криминал. Во Холандија, Србија, Хрватска и Канада, со поддршка на шкотската полиција и Европол откриени се шест лица од криминалната група, која стои зад „Webstresser.org“ – соопшти британската служба за борба со кибер криминал.
Холандската полиција, со помош на колеги од Германија и САД, запленила сервери и ја заштитила интернет страницата.
Хакерите честопати барале откуп да го прекинат нападот.
Се проценува дека „Webstresser.org“ има над 136.000 регистрирани корисници. Само во април 2018 година се случиле четири милиони кибер-напади, со користење на софтверски производи понудени од сајтот.
Неколку лица се уапсени – двајца во Шкотска, 19-годишно момче во Хрватска и две лица на возраст од 19 и 21 година во Србија, за кои постои сомневање дека се администратори на интернет страницата.