Застудува, денеска температурата до 15 степени

156

Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено со локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната ќе се искачи максимум до 15 степени.

Во Скопје, слично време со слаби врнежи од дожд и умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Облачно време со локални врнежи од дожд ќе преовладува и во сабота, а во недела ќе дува умерен југоисточен ветер и ќе има пораст на дневната температура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...