Полициски службеник е застрелан со 5 куршуми во Велес, а напаѓачот е во бегство, објави ТВ24.
Полицаецот заедно со својата колешка денеска биле во контрола кај црквата, откако добиле пријава од граѓани дека жители на ромската населба Рамина континуирано вршат грабежи на чанти од верниците кои доаѓаат во црквата.
Неофицијално, еден од осомничените за грабежот успеал да го зеде пиштолот од полицаецот и да пука кон него.
Полицаецот итно е пренесен во скопскиот Клинички центар.