Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Скопје и Полициското одделение за сообраќајно ескортно обезбедување синоќа од 20 часот до 1.30 по полноќ повторно презеле посебни мерки и активности за спречување на организирање и учество во диви трки на моторциклисти.
– Притоа од страна на полициските службеници од Одделението за Безбедност на сообраќајот на патиштата привремно беа задржани пет мотоцикли, поради постоење на сомнение дека во нив се вградени одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените издувни системи, согласно член 54 од Законот за возила, а против нивните сопственици ќе бидат преземени мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај и Закон за возила, соопшти МВР.