Заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

1951

Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ вечерва заседава извршниот комитет на партијата.

Одлуката на Кривичниот совет со која е одбиена последната жалба на Груевски и неговите адвокати е една од темите на седницата.

Ќе се расправа и за настапот на партијата на Конгресот на ЕПП во Хелсинки на кој, покрај делегацијата предводена од лидерот Христијан Мицкоски, присуствуваа и разрешените членови на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров и Емилија Александрова, како и Петар Богојевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...