Во Собранието попладнево се закажани седници на комисиите за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за здравство и за економски прашања.
На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се измените и дополнувањето на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, двата по скратена постапка во второ читање.
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат по Предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по измените и дополнувањата на Кривичниот законик, на Законот за платите на судиите и на Законот за судска служба, по скратена постапка во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка во второ читање, а на Комисијата за економски прашања се измените и дополнувањата на Законот за јавни претпријатија по скратена постапка во второ читање.