Засега нема потврда дека власта обезбедила 80 гласа за уставните измени

2571

Сѐ уште нема потврда дека е обезбедено двотретинско мнозинство за пристапување кон измени на Уставот за Договорот со Грција, брифира висок функционер од власта.

Според ова, и по шест часа за кога првично беше најавено продолжението на собраниската седница останува неизвесно дали вечерва таа ќе се оддржи или пак, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја закаже за идната недела.

Иако во парламентот се присутни пратениците и од мнозинството и од опозицијата, никој не сака да прогнозира за исходот на денешниот ден, односно дали ќе има гласање за пристапување кон уставните измени.

Неофицијално, се шпекулира дека фалат најмногу еден или двајца пратеници за да се стаса до фамозната бројка од 80, која е потребна за отворање на Уставот.

Пред собраниската зграда, пак, е видливо зголемено полициско обезбедување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...