Засега нема нови команданти на полициските „Тигри“

913

Досега нема никакви промени или најави за смена или поставување нови команданти или заменици во специјалната единица „Тигри“, велат од МВР откако во јавноста излегоа информации дека за првпат етнички Албанец ќе влезе во оваа единица.

Дел од медиумите на албански јазик објавија дека Локман Селими, ќе биде назначен за заменик-командант на Единицата за специјални задачи „Тигар“ како награда за тоа што на 27 април лани при упадот во Собранието се жртвувал обезбедувајќи ги пратениците.

Селими е ефектив на Специјалните сили на Македонија од Арачиново.

Според пишувањата на „Ина“, предлог тој да стане дел од „Тигрите“ го поднел заменик министерот во МВР од редовите на ДУИ, Агим Нухиу.

Од МВР велат дека досега немало промени односно дека на чело на оваа единица е досегашниот командант.

Прочитајте повеќе на оваа тема:

Спасовски: Во МВР нема политички пазарења, националноста не е професија

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...