Зар во Грција животот вреди толку малку, прашуваат родителите на убиениот Хендерсон

779

Не ни се верува дека во Грција еден човечки живот вреди толку малку. Ова го изјавиле родителите на Бакари Хендерсон, Американец убиен на Закинтос во тепачка за која се осудени петмина Срби и Босанец со британско државјанство.

Иако на терет им беше тешко убиство, за кое според грчките закони на обвинетите им се заканува доживотен затвор, Србите и Босанецот беа осудени за кривично дело нанесување тешки повреди.

– Губитокот на нашиот сакан Бакари на толку брутален начин е пекол. Се надевавме и се молевме сите деветмина обвинети да бидат осудени на доживотен затвор. Сметаме дека грчкиот суд направи пропуст кога изрече вакви казни – изјавила мајката на Хендерсон.

Таа плачела и рекла дека е неверојатно како може некој да претепаш до смрт, а да не одговараш за тоа.

Локалните медиуми во Грција пренеле дека осудените биле задоволни со пресудата, па во судницата се прегрнале и се смееле откако пресудата била изречена, пренел Си-би-ес.

Најголема казна, десет години затвор, доби Душан Ранковиќ. Милош Илиќ, Стефан Стојановиќ и Немања Ристиќ добија по девет години затвор како млади полнолетници, Милош Сениќ доби пет години затвор.

Британецот Амир Омарџиќ со босанско потекло е осуден на 15 години затвор.

Двајца Срби кои се бранеа од слобода и се обвинети за учество во тепачка во која е убиен американскиот студент Бакари Хендерсон на Закинтос, ослободени се од обвинение за убиство. Покрај нив, ослободен од обвинение за убиство е и Гркот, вработен во барот.

Српските момчиња бea во притвор од апсењето откако се случил инцидентот во јули минатата година.

Бакари Хендерсон минатата година во јули отишол на Закинтос со двајца пријатели. Во клубот „Бар код“ во местото Лаганас дошло до тепачка, во која тој настрада.

Извор: српски „Курир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...