„Заработила“ 140 илјади денари со лажни цени на туристички аранжмани

1055

СВР – Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Н.Д.Т.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

Пријавената, вработена како администратор за туризам во правно друштво од Скопје, во периодот од 20.07.2019 до 05.09.2019,  во повеќе наврати присвоила за себе парични средства во вкупен износ од 140.624 денари кои и биле доверени во работењето  од извршената наплата од продадени туристички аранжмани за шест лица.

Според пријавата, таа изготвила и издавала договори за патување и ваучери во име и за сметка на правниот субјект, при што во примероците од договорите за патување што ги одлагала во досието на патниците, внесувала невистинита цена на чинење на туристичкиот ангажман во помали или поголеми износи на парични средства, додека во примероците кои ги давала на патниците внесувала и наплатувала вистинска или помала цена, односно самоволно давала попусти спротивно на официјалниот ценовник за лето 2019 година. Воедно, за наплатените парични средства не  издавала фискална сметка, а издадените и потпишаните ваучери не ги одложила во досието за патници, туку ги уништувала, а со тоа го оштетила правниот субјект за 166.736 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...