Запрени камиони на влез на „Богородица“, се проверува увоз на отпад за „Усје“

240

Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) велат дека е подигнат степенот на проверка и контрола на секаков вид отпад и материи кои би можеле да го загрозат здравјето на граѓаните во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во Македонија.

„Во таа насока денеска, Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, извршија вонреден инспекциски надзор на 11 камиони со отпад (RDF) од Италија, чија крајна дестинација е Цементарница „Усје“ која поседува дозвола за користење на RDF отпад како алтернативно гориво. Камионите се запрени на влез на граничниот премин „Богородица“. Вкупна количина на отпадот е 261 тон. По случаен избор од два камиона беа земени мостри, а другите камиони се органолетички прегледани. Со цел поголема веродостојност на резултати, земените мостри ќе бидат доставени до две лаборатории и тоа до хемиската лабораторија на РЖ Техничка контрола, како и до Истражен центар за животна средина во Република Естонија“, се наведува во соопштението од МЖСПП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...