Започнува реализација на проектот „Да зборуваме за климатските промени“

69

Преземање климатска акција е еден од најголемите предизвици во политиката, порача денеска заменик министерот за животна средија и просторно планирање Јани Макарадули на презентацијата на новиот проект за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, финансиран од Европската Унија.

Препознавајќи ја улогата на граѓанскиот сектор како еден од чинителите во реализирањето на успешни национални климатски акции, Макрадули истакна дека дава искрена лична и институционална поддршка на овој проект при што очекува видливи резултати. Тој посочи дека треба да бидеме свесни дека секое одложување на активностите значи построга регулација во иднината.

Со новиот проект, насловен „Да зборуваме за климатските промени“, граѓанските здруженија Екосвест, ЦНВП Македонија и Дем во наредните три години ќе ги зајакнуваат капацитетите на граѓанските организации на локално и национално ниво градејќи климатски коалиции и подигнувајќи го нивото на свеста за важноста на приспособување кон климатските промени на сите нивоа и на сите засегнати страни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...