Вечерва започнува 64-то издание на Евровизија, кое ќе се одржува во Тел Авив и ќе трае до сабота, кога ќе биде финалето.
Според Википедија, ова е трет пат Израел да биде домаќин, претходно токму во оваа земја се одржувала Евровизија во 1979 и 1999 година.
Водители ќе бидат Ерез Тал, Бар Рефаели, Аси Азар и Луси Ајоб.
Четириесет и една земја учествува, Бугарија и Украина нема да се натпреваруваат по прв пат од 2015 година.
Според обложувалниците, фаворити од првата вечер се Кипар, Австралија, Исланд и Грција.
Настанот може да се следи на Јутјуб тука.
Се очекува да има и директен пренос на телевизија.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб