Започна состанокот на лидерите на Западен Балкан, една од темите и членството во ЕУ

На денешната програма на состанокот на лидерите на земјите од Западен Балкан се наоѓа и пленарна сесија со претставници на Европската Унија, на Советот за регионална соработка, на Светската Банка, на Европската банка за обнова и развој, на Европската инвестициска банка.

261

Во Охрид започна работниот дел од состанокот на лидерите на Западен Балкан, на кој претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама ќе ја презентираат вчера утврдената декларација со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка и за остварување на заедничката цел, членство во ЕУ, пред Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора Драгица Секулиќ.

На денешната програма на состанокот на лидерите на земјите од Западен Балкан се наоѓа и пленарна сесија со претставници на Европската Унија, на Советот за регионална соработка, на Светската Банка, на Европската банка за обнова и развој, на Европската инвестициска банка, по што ќе се одржи и заедничка прес- конференција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...