Започна втората фаза од националниот MOS натпревар

MOS (Microsoft Office Specialist) натпреварот е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години.

106

На Националниот MOS (Microsoft Office Specialist) натпревар за унапредување на дигиталната писменост кај младите кој започна кон крајот на декември 2017, се пријавија повеќе од 1000 млади кои влегоа во втората фаза на тестирање. Големото финале на кое ќе се натпреваруваат најдобрите 40 учесници ќе се одржи кон крајот на мај.

Натпреварот се одржува трета година по ред во организација на Certiadria, со поддршка од многу компании, државни институции и општини, меѓу кои: Министерството за информатичко општество и администрација, Град Скопје, Општина Куманово, Семос Едукација, Стопанска Банка АД Скопје, оне.Вип, Макпетрол А.Д. Скопје, WVP Fund Management, Витаминка Прилеп, Метрополис Радио Мрежа и др.

MOS (Microsoft Office Specialist) натпреварот е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години, односно за сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Учесниците на овој натпревар ќе имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office алатките: Word, Excel и PowerPoint (2013 или 2016).

Во првата фаза од натпреварот учениците од цела Македонија се натпреваруваат локално по што најдобрите 40 ученици влегуваат во големото финале од каде што се избрани најдобрите претставници.

Победниците на Националниот MOS натпревар ќе се стекнат со можност да учествуваат во Светскиот натпревар Microsoft Office Specialist 2017/2018, во Орландо, Флорида каде што ќе ја претставуваат Република Македонија натпреварувајќи се со претставниците на повеќе од 140 земји од светот. Покрај меѓународно признатиот сертификат кој го добива секој ученик кој ќе положи еден од испитите, знаењето со кое се стекнува на патот до финалето ќе му помогне во понатамошниот кариерен и образовен развој што директно ќе влијае да нашето општество се движи во вистинска насока.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...