Запленети 1,6 тони метамфетамини скриени во стерео звучници во Австралија

62

Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила рекордно количество метамфетамини, во вредност од 744 милиони евра.

Дрогата била скриена во стерео звучници од Тајланд.

Австралиската гранична полиција во Мелбурн откри 1,6 тони метамфетамини и 37 килограми хероин во звучници испратени од Тајланд.

– Тоа е најголема заплена на метамфетамини во Австралија – изјави командантот на граничната полиција Крег Палмер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...