Запленети 150 гуми во Бардовци

335

Комуналните служби на Општина Карпош денеска заплениле нова количина на отпадни гуми, на потегот околу Бардовци, соопшти Општината.

Запленети се повеќе од 150 гуми кои, во овој период од годината, главно се користат како огревно средство.

Имајќи ги предвид истражувањата и анализите за причините за аерозагадувањето, посочено е дека голем број на домаќинства сеуште се греат на материјали кои не се еколошки препорачливи, односно го загадуваат амбиенталниот воздух и животната средина.

Општина Карпош повторно апелира, до сите граѓани и домаќинства кои се греат на огревно дрво, гуми или сл., да го променат начинот на греење и да аплицираат за субвенции за пелети или инвертер –  клими во Град Скопје.

Локалната самоуправа продолжува со интензивните инспекциски контроли на терен, со цел да се мапираат загадувачите, да се санкционираат и да се заштити околината.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...