Запленети над 9.000 фалсификувани патики „најк“ во Њујорк

175
ФОТО: Твитер

Запленети биле над 9.000 фалсификувани патики „најк“ во Њујорк. Претставници на Царината и граничната заштита во САД ја пресретнале испораката на фалсификуваните патики, кои доаѓале од Кина и требало да пристигнат во Калифорнија.

Пратката им била сомнителна на цариниците, па била извршена проверка на патиките. Експертизата покажала дека станува збор за фалсификати.

Патиките се конфискувани. Според надлежните, доколку станувало збор за оригинали, вредноста на пратката би се проценила на речиси 1,7 милиони долари.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...