Запленети и уништени 300 кг затруени пирошки

Небезбедните производи се повлечени и уништени, а меѓу нив се и пирошките кои биле дистрибуирани на пазарот.

380

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера доцна попладне заплениле и уништиле околу 300 килограми небезбедна храна (смеса за подготовка на пирошки и јајца) затекнати при инспекциската контрола во објект кој не е одобрен и регистриран од Агенцијата.

Спроведената истрага утврдила дека небезбедните пирошки кои предизвикале дополнителни труења со храна, во Штип и во Кочанско, се произведувале нелегално, во домашни услови, во објект кој се наоѓал непосредно над операторот со храна ДПТУ „Гицов“ ДООЕЛ од Кочани, кој на 25 април беше затворен од Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Небезбедните производи се повлечени и уништени, а меѓу нив се и пирошките кои биле дистрибуирани на пазарот.

„Со одземањето, спречувањето на нелегалното подготвување и дистрибуирање на небезбедните пирошки и нивно нештетно уништување под надзор на инспектор за храна, затворена е истрагата за овој случај на труење со храна, за што сторителот на делото ќе биде прекршочно и кривично гонет од страна на надлежните државни органи“, соопшти Агенцијата, која јавно се заблагодари на граѓаните за соработката при решавањето на овој случај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...