Запленети брилијанти и бело злато од половина милион евра кај турски државјанин

1059

На 18. декември 2018 година, во царинската испостава Аеродром Скопје – патнички промет, на влез во Република Македонија при детален преглед на рачниот багаж на турски државјанин, во  патната торба, царинските службеници пронајдоа непријавена стока – златен накит.

Запленетиот накит е од бело злато во комбинација со голем број на брилијанти, кој, според наодот од страна на судски вештак, е квалификуван како ексклузивен златен накит со продажна вредност од околу 450 илјади евра.

Против осомниченото лице од страна на Царинската управа поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“  казниво по член 278 став 1 и став 8 од Кривичниот законик, а од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор од 30 дена.

Во врска со случајот, Царинската управа соработува и со други царински администрации во регионот и пошироко, со цел обезбедување на дополнителни информации за индициите кои произлегоа од фактите утврдени во досегашната истрага, а кои наведуваат на сомнение дека осомниченото лице можеби делувало и во други земји освен во Република Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...