Аргентинската полиција разбила криминална група која шверцувала марихуана и кокаин во реплики на трофејот од Светското првенство во фудбал, соопшти министерот за безбедност на Буенос Аирес, Кристијан Ритондо.
– Овие трговци на смрта покажуваат бескрајна генијалност, но не дозволувајте да ве излажат. Не заслужуваат восхит. Напротив… тие сега се во затвор – рекол Ритондо, се наведува во соопштението.
Запленето е 20 килограми марихуана, 10 килограми кокаин, 1.800 дози крек-кокаин познат како „пасо“ и 400.000 аргентински пезоси.
Во операцијата уапсени се четири мажи и две жени.