Записничарите на судења не мора да фаќаат сѐ што ќе се каже, САД донираа опрема за снимање

На промоцијата на техничката опрема присуствуваше американската амбасадорка во земјава Кејт Брнс, а снимање со новата опрема се случи на рочиште за предмет кој се однесува на дрога.

708

Амбасадата на САД донираше аудио опрема за снимање на судските расправи во Основниот кривичен суд Скопје. Тоа во пракса ќе значи дека на судењата ќе нема потреба од записничар кој ќе запишува сѐ што ќе се каже во судница, туку тоа ќе се снима тонски и на странките ќе им се поделат цедиња.

Со тоа ќе се избегне повторувањето и навраќањето во обраќањата на обвинителите, адвокатите, судиите, обвинетите и сведоците, како што се случуваше до сега за да може записничарот да „фати” се што ќе кажат. Записничарите ќе останат во судница, тие ќе треба да следат, а по рочиштето ако има потреба ќе направат дополнителен записник. Опремата е поврзана со АКМИС-системот и аудио снимките ќе влегуваат директно во него.

На промоцијата на техничката опрема присуствуваше американската амбасадорка во земјава Кејт Брнс, а снимање со новата опремасе случи на рочиште за предмет кој се однесува на дрога. На судењето присуствуваше и амбасадорката и претседателот на судот Иван Џолев.

Обвинета во случајот на чие рочиште се промовираше опремата е жена зависник кај која бил пронајден метадон и се товари за делото неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Таа го призна делото.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...