Францускиот „летечки“ човек Франки Запата денеска првпат во историјата го прелета Ламанш на својот изум – „флајборд“.
Запата (40) за 20 минути прелета 36 километри од Сангаре, што се наоѓа во близина Кале, Франција до Заливот на Света Маргарета во близина на Довер, Англија.
Неговиот прв обид за прелетување на Ламанш на „флајборд“ на 25 јули заврши неуспешно откако ја промаши платформата, каде требаше да слета и да наполни гориво.
Запата е поранешен џет-ски шампион мораше да направи поголема штица за летање, адаптирана верзија на флајборд, што неговата компанија ја проидава за водени спортови/
Моторот работи на керозин што Запата го носи во ранецот, а стапалата ми се прицврстени за штицата.