Кумановец вчера во 2 часот по полноќ на улицата „Трета македонска бригада“ во Куманово запалило полициски „шевролет спарк“ паркирано пред поранешен Дом на АРМ, соопшти МВР.
– Лицето се дало во бегство, а по кусо време од страна на полициски службеници било забележано на ул.„Боро Прцан“, но не ја почитувало дадената наредба за застанување, туку вперило огнено оружје и испукало неколку проектили кон нив, по што побегнало. Нема повредени. Опожареното возило „шевролет спарк“ е изгаснато по интервенција од страна на Противпожарната единица Куманово. Во координација со Јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Куманово, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.