Запалени 40 контејнери за два месеца

83

Во јануари и февруари непознати лица опожариле 40 контејнери на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје поради што јавното претпријатие апелира да престане уништувањето на опремата.

„Вкупно 40 контејнери наменети за собирање на комуналниот отпад во текот
на изминатите два месеца беа опожарени и целосно уништени. Покрај финансиската штета што му е нанесена на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, овие инциденти доведуваат до големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот. Апелираме да престане уништувањето на опремата на ЈП „Комунална
хигиена“-Скопје, за нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат
своите работни обврски, согласно Оперативната програма за работа. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите“, велат од јавното претпријатие.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...