Запалени триста стари гуми кај селото Костурино, најверојатно намерно

Пожарот го пријавил сопственикот на гумите, кој се сомнева дека му се намерно запалени, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

778

Околу триста стари гуми попладнево се запалени во селото Костурино, кај Струмица, информираат од Територијалната противпожарна единица.

– Пожарот го пријавил сопственикот на гумите, кој се сомнева дека му се намерно запалени, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Тројца пожарникари го гаснеле пожарот со едно противпожарно возило, а интервенцијата траела 2 часа.

Не е дозволено пожарот да ја зафати блиската нискостеблеста шума, а по интервенцијата огнот е целосно изгаснат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...