Заостанатите сметки за вода од утре до 28 мај ќе се плаќаат без камата

299

Од утре, 13 мај, до 28 јуни годинава граѓаните на Скопје ќе можат да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата.

Граѓаните и фирмите ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.

„Корисниците кои имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање“, информираат ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП „Комунална хигиена“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...