Екстремно ниските температури во Пијанечко-малешевскиот регион резултираа со замрзнување на реката Брегалница во Делчево и Берово. Според анкетирани граѓани вакво нешто ретко се случува во последните неколку години.Не паметам последен пат кога замрзнала реката, можеби има некои 20 години. Паметам тогаш имаше снег од 30 сантиметри и скоро се беше замрзнато. Еве денес гледаме дека е многу ладно и иако снег во Делчево има само на Голак, сепак поради ниските температури водата замрзнала, вели Љупчо од Делчево.
– Не паметам последен пат кога замрзнала реката, можеби има некои 20 години. Паметам тогаш имаше снег од 30 сантиметри и скоро се беше замрзнато. Еве денес гледаме дека е многу ладно и иако снег во Делчево има само на Голак, сепак поради ниските температури водата замрзнала – вели Љупчо од Делчево.
Во двата градови на крајниот Исток синоќа температурите се движеа неколку степени под нулата, во Делчево беа измерени -10 степени додека во Берово минус 15 степени целзиусови. Токму поради ова, но и поради Бадник, тие денеска ќе останат крај своите огништа.
– Времето надвор е нависитна студено и повеќе ќе бидеме пред огнот дома. Сега излеговме да ја видиме Бадниковата поворка во Делчево и потоа ќе се вратиме назад. Ладното време не дозволува повеќе – велат граѓаните.
Замрзнувањето на реката Брегалнца, како што велат риболовците, ќе влијае на животинскиот свет во реката. Додадоа дека поради ниската температура на водата и мразот на површината, тоа негативно ќе влијаат врз животинскиот свет, но сепак без поголеми последици. Во моментот температурата на воздухот на крајниот Исток се уште е под нулата, Во Делчево се измерени минус 3 степени, додека во Берово е нешто постудено со минус 5 степени Целсиусови.