Замрзна Моклишкото Езеро (ФОТО)

454

Замрзна Моклишкото Езеро, кое е формирано во 1956 година, при уривањето на ридот „Градот” кај кавадаречкото село Ваташа.

– Езерото е целосно замрзнато, покриено е со тенок слој на мраз. Глетката е извонредна. Како место од бајките кое мами воздишки – рече кавадарчанецот Горан Сами, љубител на природата.

Езерото е настанато по лизгање на земјиштето, при што имало и загинати.

Историчарот Петре Камчевски појаснува дека на 5 септември 1956 година, во раните утрински часови во месноста „Градот“ кај Моклиште, се случило големо тектонско поместување на земјата, кое предизвикало голема трагедија. Во неа загинаале 11 работници од земјоделските задруги во Ваташа, Дреново и Возарци, како и еден случаен минувач од село Долно Бошава. Биле затрупани и околу 1500 до 2000 овци и неколку грла крупен добиток.

Веднаш по несреќата била формирана комисија од Државниот секретаријат за внатрешни работи. Таа до доцна вечерта испитувала како дошло до несреќата. Во соопштението кое го доставил, укажала дека несреќата се случила од природни причини.

Ова место често е посетувано од планинари и туристи кои слушнале за него и сакаат да одат и да го посетат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...