Семеен психолог смислил интересен експеримент. Имено, сакал да ја тестира својата хипотеза дека модерните деца премногу се анимираат па затоа не се во состојба да се позанимаваат со својата внатрешна состојба.
На деца од 12 до 18 години им било понудено доброволно да поминат 8 часа сами со себе, без мобилен телефон, интернет, радио и телевизија.
Им било дозволено да пишуваат, читаат, да свират музички инструменти, да цртаат, да изработуваат научен труд, да пеат, да пешачат и слично…
Авторката на експериментот, која инаку е семеен психолог, сакала да ја тестира својата хипотеза дека денешните деца се премногу анимирани, па затоа не знаат како да се однесуваат кога ќе останат сами.
Според правилата на експериментот, децата морале утредента да дојдат кај неа и да ги раскажат своите впечатоци за времето поминато во самотија. За време на експериментот им било дозволено да ги запишат своите чувства, а психологот морал да го прекине експериментот ако воочил дека детето е напнато, дека му е непријатно или се чувствува анксиозно.
Психологот верувал дека експериментот е безбеден и безопасен, но никој не очекувал толку шокантни резултати. Од 68 учесници, само три лица, две девојчиња и едно момче, го завршиле експериментот.
Својата сила ќе ја препознаеш по тоа колку време можеш да издржиш сам со себе…
– Тројца имале самоубиствени мисли.
– Петмина доживеале акутни панични напади.
– Учесниците чувствувале гадење, потење, вртоглавица, налети на топлина, болка во стомакот, чувство на „поместување“ на влакната на главата и слично.
– Речиси сите имале чувство на страв и анксиозност.
Сето ова настанaло само два, до три часа по започнувањето на експериментот. Десет луѓе го прекинале експериментот по 3 и повеќе часа, останатите се откажале во првите два часа.
Сепак, од етички причини, овие белешки никогаш не биле објавени.
Што правеле тинејџерите за време на експериментот?
– Готвеле или јаделе
– Читале или се обидувале да читаат
– Изработиле неколку училишни задачи (бидејќи биле на распуст, ова го направиле од очај)
– Гледале низ прозорец или се шетале низ станот
– Излегле надвор да прошетаат до продавница или кафуле (им било забрането да комуницираат со други, но келнерот и касиерката не се важеле)
– Ределе сложувалка или лего-коцки
– Си ја бојосувале косата
– Се капеле
– Ја чистеле собата или станот
– Си играле со куче или мачка
– Вежбале или се истегнувале
– Свиреле гитара, клавир (еден свирел флејта)
– Ги запишувале своите чувства
– Тројца пишувале поезија или проза
– Едно момче речиси 5 часа се возело со автобус или тролејбус низ градот
– Една девојка везела
– Едно момче отишло во забавен парк, по три часа се откажало од експериментот
– Една девојка отишла во музеј, друго момче во зоолошка градина
– Една девојка се молела
– Едно момче пешачело од еден до друг крај на градот (околу 25 километри)
– Речиси сите се обидувале да спијат, но речиси никој не успеал, објасниле дека им се вртеле „глупави мисли“ низ глава
Кога се откажале од експериментот, 14 тинејџери веднаш ги провериле социјалните мрежи, 20 им се јавиле на пријателите на мобилен телефон, тројца им се јавиле на родителите, петмина отишле кај пријатели. Останатите го вклучиле телевизорот или едноставно гледале нешто на интернет.
Покрај тоа, речиси сите пуштиле музика скоро веднаш или ставиле слушалки на уши. Сите стравови и симптоми исчезнале веднаш по прекинувањето на експериментот.
63 тинејџери ретроактивно го препознале експериментот како корисен и интересен за себеспознавање. Шестмина го повториле експериментот и потврдиле дека по петтиот или шестиот пат успеале да издржат до крај.
Кога анализирале што им се случило за време на експериментот, 51 лице ги искористиле изразите „зависност“, „се испостави дека не можам да живеам без…“, „доза“, „разбивање“, „синдром на повлекување“, „не можам да живеам во тишина“ и слично.
Сите, без исклучок, биле страшно изненадени од мислите што им паднале на памет за време на експериментот, но не биле во состојба внимателно да ги протолкуваат, поради влошување на нивната состојба.
Момчето што успеало да го заврши експериментот, времето го поминалo така што составувалo модел на едрилица. Правел паузи за храна и пијалак и за да го прошета кучето.
Девојчето што го завршило експериментот, времето го поминало така што прво сортиралo, а потоа и саделo и пресадувалo цвеќе.
Ниту еден од нив не забележал „чудни мисли“ и не искусил негативна енергија.