Замислувајќи дека стрела во портрет на Курц, австриски политичар испукал 29 куршуми во воздух

Шефицата на покраинскиот одбор на ФПО, Марлене Свацек изјави дека досега овој политичар бил тотално незабележлив и никој не знаел дека поседува оружје.

305

Локален политичар на Слободарската партија на Австрија (ФПО) во Салцбургер Флахгау пукал денеска од терасата на својата куќа, незадоволен поради настанатата политичка ситуација во земјата по распаѓањето на владата, во која биле и неговите сопартијци.

Тој испукал 29 куршуми од пиштол, поради што соседите повикале полиција.

Повеќе патроли и специјалната единица Кобра пристигнале до домот на политичарот, кој бил приведен. За време на полициското сослушување тој истакнал дека пукал во воздух, притоа замислувајќи дека пука во портретите на поранешниот канцелар Себастијан Курц и австрискиот претседател Александер ван дер Белен.

Тој нагласи дека бил многу лут и разочаран поради смената на Херберт Кикл, еден од влијателните личности во ФПО, од местото министер за внатрепни работи.

Полицијата кај политичарот пронашла повеќе парчиња оружје, без да ја соопшти точната бројка, но дефинитивно станува збор за вистинско оружје.

ФПО веднаш реагирала на апсењето на својот член и го исклучила од партијата.

Шефицата на покраинскиот одбор на ФПО, Марлене Свацек изјави дека досега овој политичар бил тотално незабележлив и никој не знаел дека поседува оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...