Властите во северна Полска денеска соопштија дека заменичката на убиениот градоначалник на Гдањск, Павел Адамович, победи на дополнителните избори и стана негова наследничка на функцијата.
Градската изборна комисија објави дека 39-годишната правничка Александра Дулкиевич добила поддршка од речиси 82 отсто од гласачите на вчерашните избори. Таа беше вршител на должноста градоначалник од смртта на Адамович на 14 јануари, кога им подлегна на повредите добиени со напад со нож на бина за време на добротворен собир.
Нападаѓачот по нападот му го одзема микрофонот и рече дека неговиот напад е одмазда против опозициската политичка партија чиј член беше Адамович. Напаѓачот се уште чека судење.
ФОТО: EPA / ADAM WARZAWA