Заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, бил евакуиран од зградата на Министертството за правда во моментот кога избувнал пожарот на четвртиот кат.
Тој бил евакуиран меѓу последните вработени, зашто неговата канцеларија се наоѓа на петтиот кат. Ристовски изјави дека нема повредени и дека во зградата за среќа имало мал број од вработените поради „клизното“ работно време.
– На четвртиот кат се наоѓаат финансиите, сметководство, дел од меѓународна правна помош… Таму нема вредни документи, само тековни што биле по бироата. Се појави чад, се запали алармот. Не знаеме што е причината за пожарот. Тоа очекувам да го утврди истрагата – рече Ристовски.