Заменик министерот за здравство снимен како договара мито за операција (ВИДЕО)

За операцијата, Муса побарал 1.000 евра, а однапред зел 50 евра.

3692

Заменик-министерот за здравство Асим Муса е снимен како договара мито за операција од екипата на најпознатото албанско истражно шоу, Фикс Фаре, кое се емитуваше синоќа на Top Channel.

Муса се пазарел со пациент од Албанија за операција во една од болниците во Струга.

За оваа работа, Муса побарал 1.000 евра, а однапред зел 50 евра. Во емисијата се вели дека заменик министерот меѓу другото правел и сунети и дека тоа го правел за бакшиши.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...