Иранскиот заменик министер за здравство Ираџ Харирчи е позитивен на новиот коронавирус, јави Би Би Си.
Заболениот заменик-министер вчера негираше дека властите го прикриваат обемот на епидемија.
Иран досега пријави 95 случаи, но се смета дека вистинскиот број е поголем.
Генералниот директор на Светската здравствена организација рече дека ненадејното зголемување на случаите во земјата е „длабоко загрижувачко“.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера изјави дека Вашингтон е загрижен дека Иран можеби криел „витални детали“ за појавувата на епидемијата и ги повика сите нации „да ја кажат вистината за коронавирусот“.