Заменикот министер за кулутра Владимир Лазовски побара извинување од доскорешната претседателка на Управниот одбор на Македонската филхармонија, Бранка Костиќ Марковиќ.
„Во врска со Вашето обраќање до македонската јавност врзано за Вашето разрешување од функцијата претседател на управен одбор на Македонска Филхармонија во кое ме прозивате за наводна вмешаност на донесувањето на одлуките на раководно и управно ниво, барам од вас лично извинување во рок од 24 часа на сите медиуми каде што е објавено Вашето обраќање, во спротивно ќе бидам принуден по судски пат да барам заштита за наштетениот углед како на приватно така и на професионално поле, пред сѐ, од причина што Вашите клевети се неосновани, не се засноваат на аргументи и не ја отсликуваат фактичката состојба“, побара Лазовски.