Заличија одделите за детска и за пластична хирургија во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје

171

Завршена е првата фаза од реконструкцијата на одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (стара градска болница).

Реновирањето се одвива во неколку етапи. Целосно е реновиран третиот кат каде се сместени одделенијата за детска хирургија и за пластична хирургија, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче утрово ја посетил болницата и се сретнал со директорот на болницата Иван Спировски.

Во рамки на посетата, како што се наведува во соопштението, министерот Филипче се сретна и со здравствените работници и со нив разговараше за состојбата, условите за работа и се информираа за новините кои ги спроведува Министерството за здравство.

– Во моментов се реновираат првиот и вториот кат. На првиот кат е сместено одделението за урологија, а на вториот кат сместен е одделот за дигестивна хирургија. Поставен е и нов лифт за да се одвива непречено работата во болницата, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...