Заладено со засилен северен ветер и дожд

332

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно на места со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи и со засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град, особено во источните делови. Кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер, а на повисоките планини во западните делови ќе провејува снег. Минималната температура ќе биде помеѓу пет и 11, дневната температура ќе се движи од 14 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 19 степени.

Утре поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите. Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд, а на повисоките планини ќе провејува снег. Во среда утрото ќе биде студено, на места со негативни утрински температури, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време. Локални врнежи ќе има и во четврток и петок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...