Зак Ефрон ја следи Селена Гомез

302
ФОТО: Инстаграм

Актерот Зак Ефрон од вчера ја следи Селена Гомез на Инстаграм.

Фановите веднаш го забележаа ова, па веќе започнаа со фантазии за двојката, а некои отидоа уште подалеку и сонуваат за венчавка.

„Се надевам Зак и Селена ќе се венчаат“ е еден од коментарите на Твитер, каде овој настан се прославува на големо.

Двајца од омилените актери на Дизни, да бидат заедно, се чини е посакувано од голем број фанови ширум светот.

Гомез играше претседател на сестринство во комедијата „Neighbors 2: Sorority Rising“ во 2016 година, каде Ефрон се појави повторно со неговата улога на претседател на братство.

– Таа е одлична, многу е талентирана – искоментира Ефрон за Гомез за „ЕТ“ тогаш.

Во последниве години, Гомез стоеше подалеку од социјалните мрежи.

– Не сум на интернет. Не сум била таму со месеци. Го немам пасвордот за мојот Инстаграм. Немам апликации на мобилниот телефон, ниту било какви разубавувачи на фотографии – изјави Гомез за „Елле“ во септември.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...