Зак Ефрон бил првиот избор за серискиот убиец Тед Банди (ВИДЕО)

257
ФОТО: EPA /ANDY RAIN

Некогашната тинејџерска ѕвезда Зак Ефрон, тешко кој би можел да го замисли во улога на еден од најнеславните сериски убијци во американската историја, Тед Банди. Но, режисерот Џо Берлингер истакна дека глумецот бил прв и единствен избор за неговиот најнов филм „Extremely Wicked, Shockingly Evil and Vile“.

– Тоа ми беше исклучително важно. Филмов не е документарец, но историските факти мора да бидат точно претставени – изјави режисерот.

Филмот е во продукција на Нетфликс, и се заснова на книгата „Принцот фантом: Мојот живот со Тед Банди“ („The Phantom Prince: My Life With Ted Bundy”).

Филмот веќе ја имаше својата премиера минатата седмица и првичната оценка на ИМДБ е 6,7 / 10.

Џо Берлингер e aвтор и на документарецот „Разговори со еден убиец“ каде што се прикажни снимените признанија на Банди.

ФОТО: EPA /ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...