Законот за јазиците е објавен во „Службен весник“

По објавувањето на законот во „Службен весник“, покрај македонскиот во институциите службен јазик станува и албанскиот јазик, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи што ја сочинуваат државната власт. Законот ги обврзува судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.

1483

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, штотуку на својот официјален профил на Фејсбук објави дека Законот за употреба на јазиците, или во јавноста познат како Закон за албански јазик, е објавен во „Службен весник“. Ова значи дека законот и официјално стапува на сила.

Карактеристично е тоа што од донесувањето до објавувањето во „Службен весник“ на Законот за јазиците помина точно една година. Законот за јазиците беше донесен на 11 јануари 2018 година или на истиот ден кога во Собранието, но година дена подоцна, беа изгласани уставните измени.

Законот за јазиците, до официјализирањето чекаше една година, бидејќи претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише. Џафери го одложуваше потпишувањето на Законот за јазиците бидејќи во стручната јавност беше спорно, дали документот ќе ја има силината на закон доколку во „Службен весник“ излезе само со потпис на претседателот на Собранието.

Џафери изминатиов период неколку пати изјавуваше дека Законот за употреба на јазиците ќе излезе во „Службен весник“ едновремено со уставните амандмани.

По објавувањето на законот во „Службен весник“, покрај македонскиот во институциите службен јазик станува и албанскиот јазик, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи што ја сочинуваат државната власт. Законот ги обврзува судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.

Сите закони други акти донесени од Собранието ќе бидат објавувани на македонски и на албански јазик, исто како и владините одлуки.

Двојазичност ќе има и на униформите на државните службеници во Скопје и во другите градови каде Албанците се присутни со над 20 отсто од населението.

На албански јазик ќе бидат достапни и поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи, фактурите и бандеролите. Книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

На граничните премини на Република Македонија и аеродромите што се наоѓаат на подрачјата каде што најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик, називите на институциите, другите натписи и патокази се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо.

Сите органи на државната власт ќе имаат двојазични веб страници.

Законот предвидува основање на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните. Агенцијата ќе биде финансирана од државниот буџет и за нејзина работа ќе бидат одвојувани по 1,7 милиони евра годишно. Во Агенцијата покрај овластени судски преведувачи ќе се вработат и лингвисти и дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори. Освен тоа се предвидува и формирање на Инспекторат за употреба на јазиците во рамки на Министерството за правда, а ќе се регулира со посебен закон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...