Владата одлучи да го повлече од Собранието Предлог-закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, соопшти Владата.
– Низ повторена владина процедура овој предлог закон, од реформскиот пакет од легислативата, ќе добие европско знаменце за да се забрза постапката за негово донесување во законодавниот дом и да се избере нова Државна комисијата за спречување на корупцијата според новите критериуми утврдени во новото законско решение, стои во соопштението.