Законот за ратификација на договорот со Грција попладне на Комисијата за Европски прашања

240

Предлог- законот за ратификација на Договорот за името со Грција во 15 часот ќе се најде пред собраниската Комисија за Европски прашања. Претседателот на Комисијата Артан Груби за попладне ја закажа комисиската расправа за законот, откако Собранието ја изгласа потребата за негово донесување, по скратена постапка.

Против потребата од ваков закон гласаа 40 пратеници. На седницата се појавија речиси сите пратеници, и од власта и од опозицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...