Пазарџиите најавија дека ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за укинување на Законот за пазари. Тие и натаму сметаат дека законот мора да се повлече. Пазарџиите во среда ќе објават и дали ќе стапат во генерален штрајк.
– Законот е донесен по скратена постапка, а се знае кои закони се носат по скратена постапка, тоа се закони кои не се од големо значење, но не се сложувам дека овој закон не е од големо значење, бидејќи ги обединува сите граѓани од државата. Дискутабилно е да се учествува во нешто за кое самите признале дека не е добро, колку е уставно и колку уставот дозволува да преговараме за тоа во име на граѓаните – вели во изјава за медиуми Маја Стојановска, претставничка на пазарџиите.