Законот за новото обвинителство и ветингот во МВР на владина седница

146

Владата ќе биде разгледана Информација за почнување постапка за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција на МХЕЦ „Глажња” и МХЕЦ „Липково”.

На предлог на Министерството за правда ќе биде разгледан Предлог – законот за јавното обвинителство, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија.

Владата ќе донесе одлука и за Предлог – законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија за учество на Република Северна Македонија во „Европскиот корпус на солидарност”.

Министерството за надворешни работи како точка на дневниот ред на денешната седница го предлага Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Северна Македонија) – Прешево (Република Србија).

На предлог на Министерството за внатрешни работи за оваа седница доаѓа Информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи.

Министерството за информатичко општество и администрација за оваа седница ќе ја презентира информацијата за модернизација на единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР и воведување на нови форми за вклучување во процесот на креирање на политики.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...